Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција


Приштина – Фудбалската треска на Косово станува сè поголема во пресрет на бараж дуелот Косово – Турција што ќе се игра на 31.март (вторник). Домаќинот Фудбалската федерација на Косово се соочува со сериозен проблем.

Капацитетот на стадионот „Фадиљ Вокри“ е 14.000 места, а побарувањата за влезници се десет пати поголеми и дека стадион со капацитет од 140.000 места би бил премал за да ги прими сите заинтересирани.

Фудбалерите на Косово направија подвиг откако во групата со Швајцарија, Словенија и Шведска завршија на второто место, а потоа во бараж полуфиналето како гостин ја победија Словачка со 4:3.

Нивниот ривал Турција за пласман во финалето од баражот ја победи Романија на домашен терен со 1:0.