Србија ја „нокаутира“ Португалија во Лисабон и се пласира на Светското првенство
Србија ја победи Португалија со 2-1 и директно се пласираше на Светското првенство во 2022 година
Фудбалските репрезентации на Србија и Шпанија ѝ се приклучија на Хрватска како селекции кои се квалификуваа за Светското првенство во 2022 година во Катар.
Во Лисабон, фудбалската репрезентација на Србија во драматичен напревар, со гол во 90-тата минута ја совлада Португалија и обезбеди директен пласман на Мундијалот во Катар, а тимот на Роналдо шансата ќе ја бара во баражот што ќе се одржи во март идната година.
Португалија беше во поповолна ситуација бидејќи играше на домашен терен, ѝ одговараше и реми за директна влезница за Катар, а во 2. минута ситуацијата беше уште подобра откако Ренато Санчес го совлада Рајковиќ за 1-0.
Србија во игра ја врати Руи Патрисио со голема грешка во 33. минута кога не успеа да го спречи ударот на Тадиќ, па на пауза се замина со резултат 1-1. Тој резултат важеше до 90. минута, кога Александар Митровиќ со глава погоди во мрежата за големото славје на Србија.
Србија го освои првото место со 20 бодови, додека Португалија остана втора со 17, па премин во Катар ќе мора да бара преку дополнителни квалификации.
Шпанија го освои првото место во групата Б со победата од 1-0 (0-0) на домашен терен во Севиља против директниот ривал Шведска.
На Шпанија ѝ беше доволен и нерешен резултат во Севиља, но сепак ја контролираа играта во текот на целата игра, а подобрата партија ја крунисаа со голот на Мората во 86. минута.
Шпанија на тој начин го заврши натпреварувањето во групата со 19 бодови, четири повеќе од воропласираната Шведска, која ќе оди во дополнителни квалификации.
Од Европа уште порано на Мундијалот се пласираа Данска, Германија, Франција и Белгија, а на нив сигурно ќе им се придружи Англија која не смее да загуби од Сан Марино во понеделник, додека преостанатите двајца директни патници се бараат меѓу Италија и Швајцарија во понеделник и Холандија и Норвешка во вторник.