„Спутник лајт“ двојно го намалува ризикот од инфекција?


 

Со употреба на вакцината „спутник лајт“ двојно се намалува ризикот од инфекција со корона вирус, изјави директорот на Центарот „Гамалеј“, Александар Гинцбург.

„Потои опција „лајт“ која е прва компонента на „спутник V“, ако се употреби посебно, без друга вакцинација, да ја намали можноста за зараза со овој вирус за 50 отсто, па дури и за 60 отсто“, рече тој на телевизијата „Русија 1“.

Министерството за здравтсо на Русија ја регистрира вакцината „спутник лајт“ на 29 март. Од 27 февруари во Москва почна вакцинацијата со овој препарат.

Се очекува таа да штити од вирусот четири-пет месеци.