„СпејсИкс“ испрати уште 57 сателити за глобалниот интернет „Старлинк“ 


 

Ракетата носач „Фалкон 9“ денеска успешно стартуваше со партија од 57 сателити за распоредување на мрежа за глобално интернет поврзување наречена „Старлинк“. 

Ова денеска го соопшти компанијата „СпејсИкс“ на Илон Маск. 

Стартот се случи во 1:12 по источно американско време (7:12 централно европско) од Канаверал на Флорида 

Претходната партија од 58 сателити беше испратена во орбитата на 13 јуни. Покрај сателитите, ракетата треба да изнесе две мали вселенски апарати за далечинско сондирање на Замјата „Глобал-5“ и „Глобал-6“ на американската компанија „БлекСкај“. 

„Старлинк“ е нова генерација сателитски систем којшто, ако успешно заработи, може да обезбедни широкопојасен пристап до интернет за многу луѓе низ целиот свет.