Совршен леб како што некогаш се правел! Прво се вари, па дури потоа се пече

Денеска ви пренесуваме едноставен рецепт за тесто кој му успева на секого, кое ќе ја направи кората крцкава, а внатрешноста мека.
Овој леб се подготвува така што прво се вари кратко, а потоа се пече.
Состојки:
400 мл вода
1 ниво лажичка сол
1 лажица шеќер
1 лажичка сув квасец
1 лажица масло
700 гр брашно
црн и бел сусам
Подготовка:
Во сад измешајте топла вода, шеќер и квасец, па оставете да се активира. Потоа истурете масло, шеќер и брашно. Сè убаво измешајте и замесете тесто.
Покријте со проѕирна фолија и крпа, па оставете го на топло место околу 40 минути да нарасне.
Тестото се вади на набрашнета површина и се посипува со малку брашно, па се замесува кратко.
Поделете на 4 еднакви делови и обликувајте топчиња. Наредете на даска или плех, покријте ги и оставете ги да одморат уште 20 минути.
Истурете вода во тенџерето, загрејте го и додадете по два лебови. Варете кратко време, а потоа наредете го лебот во плех обложен со хартија за печење и исечете го одозгора.
Посипете со сусам и печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути.