Советот за безбедност на ОН го предложи Гутереш за втор мандат
Советот за безбедност на ОН усвои денеска резолуција, со која препорачува актуелниот генералниот секретар на организацијата Антонио Гутереш да биде избран за втор мандат.
Претстои Генералното собрание на ОН да донесе одлука во врска со кандидатурата на Гутереш.
Бидејќи има само еден кандидат за функцијата генерален секретар, постои голема веројатност Генералното собрание да ја усвои резолуцијата без гласање.
Антонио Гутереш е деветтиот генерален секретар на ОН, а неговиот мандат започна на 1 јануари 2017 година.