Сосема различен вкус: Што ставаат Турците во кафето?
Сите што престојувале во Турција биле сведоци дека пијат повеќе чај отколку кафе.
Но, кога ќе го пијат, а секако не е реткост, имаат навика да додаваат две состојки, кои на кафето му даваат посебен шарм.
Имено, оние кои имале можност да ги посетат турските села, надвор од познатите одморалишта, биле изненадени кога виделе како го пијат првото утринско кафе во Турција.
Мештаните ова кафе го нарекуваат „пијалок на долгиот живот“. Еднаш неделно во домашното кафе (турско) додаваат пола лажичка природен мед и малку сок од лимон.
Во Турција се верува дека кафето подготвено на овој начин има смирувачки ефект врз телото. Медот, кој содржи фруктоза и гликоза, многу добро му помага на црниот дроб и го намалува шеќерот во крвта.
Лимонот го зајакнува имунитетот. Поради сите овие корисни својства, оваа напивка е наречена „напивка за долговечност“.
Подготовка: Сварете средно јако кафе, па истурете го во шолја. Кога малку ќе се олади додадете мед и неколку капки лимон.
Пијте го овој напиток барем еднаш неделно, не повеќе од тоа.