Сореца: БиХ го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ
Сараево– Босна и Херцеговина го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (EUCPM) и тимови за одговор ќе пристигнат на лице место, потврди Луиџи Сореца, шеф на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина.
„ЕУ стои до БиХ! На местото на настанот пристигнуваат екипи за реакција. Босна и Херцеговина е полноправна членка на EUCPM од септември 2022 година. Тимовите на Босна и Херцеговина учествуваа во спасувачките напори во Словенија и Турција. Солидарност на дело“, напиша Сореца на социјалната мрежа Х.