Сопругот на Вјоса Османи го повика Трамп да инвестира во Приштина
Откако пропаднаа плановите на Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, за изградба на луксузни кули на местото на Генералштабот на ЈНА во Белград поради политичка контроверзност и скандал со корупција, стигна повик од Приштина. Него го испрати „првиот господин“, како официјално се нарекува Приндон Садриу, сопругот на претседателката Вјоса османи.
Преку објава на Икс Садриу го покани Џаред Кушнер да изгради хотел со брендот Трамп во Приштина, редефинирајќи го иконскиот, но сега запуштен „Гранд хотел“, југословенска знаменитост.
„Повлекувањето од проектот за хотелот Трамп во Белград ја зајакнува важната вистина: значајните проекти имаат за цел да обединат, а не да разделат. Преместувањето на оваа визија во Приштина – и трансформирањето на ‘Гранд хотелот’ во хотел Трамп – би ја ревитализирало одличната локација и би ги обединило луѓето“, напиша Садриу.