Сообраќајка на Плетвар, едно лице загина. Колоната е долга 20 километри
Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на Плетвар кога се преврте камион со битолски регистeрски ознаки.
Несреќата се случила околу 18 часот на патот Прилеп-Градско кај селото Ореовец. Сообраќајот е во прекин. Возачи велат дека колоната од возила што чекаат е долга околу 20 километри. Прекинот, како што информира „Македонијапат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот.