Сондата „Паркер“ се доближи до Сонцето на рекордни 18,7 милиони километри (фото)
Првата соларна мисија се наоѓа на позиција најблиска до површината на Сонцето односно сондата „Паркер“ е оддалечена 18,7 милијарди километри.
Сондата „Паркер“ на Американската вселенска агенција (НАСА) до сега петпати помина покрај Сонцето, а во текот на седумгодишната мисија треба 24 пати да навлезе со сончевата атмосфера.
Со секој нареден круг околу Сонцето сондата се повеќе продира во сончевата атмосфера, а на последниот круг во 2025 година треба да се доближи на шест милиони километри до Сонцето.
Сондата „Паркер“ е конструирана од научниците на НАСА и е испратена во Вселената пред две години со задача да навлезе длабоко во сончевата атмосфера.
Првата соларна мисија е наречена по научникот Еуген Паркер.