Собранието отвора Книга на жалост за настраданите во несреќата во Кочани


Фото: Б. Грданоски

Собранието на Република Северна Македонија од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во несреќата во Кочани, соопшти собраниската прес-служба.

Книгата на жалост ќе биде отворена за сите граѓани во следните шест дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот.

Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ.