Собраа повеќе од 300.000 долари за вработен во „Бургер кинг“ кој таму работи 27 години
Луѓето по пат на кампања на GoFundMe собраа повеќе од 300.000 долари за Кевин Форд вработен во „Бургер кинг“ во Лас Вегас, кој таму работи веќе 27 години.
Снимката на која се покажува со што работодавачите го наградиле за преданост кон компанијата стана вирална. Имено, во вреќичката имало чоколатца Reese’s, чаша од „Старбакс“, две моливчиња и една влезница за кино.
Burger King employee trends after video shows that he was gifted a goodie bag for his 27 years of work dedicated to the company pic.twitter.com/MLJiW21yKE
— My Mixtapez (@mymixtapez) June 21, 2022
Неговата ќерка Серина покрена кампања на GoFundMe за да ја изправи неправдата направена врз нејзиниот татко. Целта ѝ била да собере 200 долари, а срдечни луѓе досега уплатија повеќе од 300.000 долари.
Серина порано наведе дека тој во никој случај не бара пари и дека единствена желба му е да ги посети внуците во Њујорк, што и му се оствари. Имено, пред неколку дена го викнале во Ен-би си да учествува во снимање на емисија во Њујорк, а таму се сретнал со внуците.
„Во изминатите неколку дека често плачев поради тоа што се случува, Сега повторно се расплакав затоа што конечно ги видов внуците“, вели Форд.
Додал дека уште не планира да оди во пензија.
„Парите веројатно ќе ги потрошам за повторно да го посетам Њујорк и внуците. Дел ќе сочувам за да им дадам кога ќе тргнат на факултет. Немам намера да одам во пензија, продолжувам да работам“, додава тој.