Со спектакуларниот концерт на Северина цел регион се прости од 2020 (видео)

Хрватска– Со најемотивниот и најнаградуван регионален концерт на хрватската поп-ѕвезда Северина во 2019 година, регионот се прости од 2020 година.
Во организацијата на ‘The Magic Tour’ беа вклучени над 100 души за да овозможат ноќ за паметење во секој град од турнејата во 2019- Сплит, Белград, Загреб и во Љубљана .
Во Македонија, синоќа, на Канал 5 во 22, 30 беше емитуван концертот паралелно со уште три регионални ТВ и Северина е единствена од регионот на која и успеа тоа.
Танцувачките кореографии во кои учествуваа танцувачи од целиот регион беа избрани по пат на аудиција, на која се пријавиле над 100 кандидати. На вежбите учествуваше и поп-ѕвездата, како и на минатата турнеја ‘Dobrodošao u klub’ . Северина тогаш доби одлични критики за своите танцувачки способности. Матиц Задравец беше главниот кореограф на турнејата.