Со Центар Жупа и Маврово ќе раководат владини повереници место градоначалници


Владата наименува повереници, наместо градоначалници во во руралните општини Центар Жупа и Маврово- Ростуше, каде што на 17 октомври го немаше потребниот минимален цензус од 33 отсто излезност на гласачите.

Владата заклучила дека во овие краеви миграцијата на населението е огромна, па поради тоа не се очекува во повторено гласање да се обезбеди 

За општина Центар Жупа владин повереник е Арјан Ибраим, инаку досегашен градоначалник на општината, а во Маврово- Ростуше, тоа е Медат Куртовски, досегашен градоначалчник на оваа општина.

Ибраими имаше повеќе гласови од неговиот противкандидат Шаин Шакир, а и Куртовски имаше предност во однос на  Мевмед Џафери. 

Во првиот круг и во двете општини се избрани советниците, каде мнозинство имаат СДСМ и колицијата.