Со балон од Аљаска до небесната граница за 125.000 долари
Нова фирма од Флорида, под назив „Вселенска перспектива“, има идеја – со напреден балон да врши тури од Земјината површина, поточно Аљаска, до највисоките слоеви на атмосферата.
За таа цел би се користел Пацифички вселенски комплекс во градот Кодијак, од каде што би се лансирало леталото. Балонот голем колку едно фудбалско игралиште, ќе го управува стручен екипаж и на него ќе има осум патници.
Билетот за шестчасовното патување до небесните граници, би чинел 125.000 долари.
Извршниот директор на Аероспејс корпорацијата на Аљаска – Марк Лестер рече дека овие патувања со балони ќе бидат достапни за неколку години и оти тие се добродојдени за туризмот на оваа американска сојузна држава.