Снимен вител; Метеоролог: Тоа е торнадо (видео)


Вител е регистриран на Јадранското Море, во Словенија. Метеоролог објасни дека сепак се работи за торнадо.

Како што јави загрепската телевизија N1, во вторник рано попладне на словенечко-италијанската граница се појави виор. Според првичните информации излегол на брегот кај градот Миље, а потоа се упатил кон Јадранското Море каде се распаднал.

Како што пренесува трстскиот весник „Пиколо“, невремето не предизвикало материјална штета, ниту му се заканувало на населението, па немало интервенција на пожарникарите и на пристаништето.

Италијанската метеоролошка агенција Арпа му објаснила на Пиколо дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.

Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во заливот Трст, објаснуваат тие. „Во овие временски услови неколку пати годишно може да се појават вителски вртежи кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.

Видеото го сподели и метеорологот Блаж Штер, кој за N1 изјави дека се работи за мало торнадо кое е честа појава долж брегот на Јадранот.

Овој се разви од пороен дожд, а атмосферата не беше особено нестабилна, објасни тој.