Словенија разгледува задолжителна вакцинација
Со новиот пораст на заболени од корона вирус, во Словенија се појавија иницијативи за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, а таков предлог денеска изнесе и Комитетот за медицинска етика.
Комисијата е советодавно тели на Министерството за здравје и предложи до Владата да разгледа задолжителна вакцинација, во моменталната состојба најпрво за згрозените групи и работниците кои се изложени на ризик од инфекции, а потоа постепено задолжителна вакцинација за општата популација.
„Заради нискиот опфат со вакцинација, болните, хоспитализираните и починатите пациенти, од кои повеќето се невакцинирани, секојдневно плажаат висока цена“, се наведува во соопштението од Комисијата во Владата.