Словенија бара од Париз да најде „магична формула“ да го тргне бугарското вето

За министерката за надворешни работи, Тања Фајон, клучно е лидерите на ЕУ на самитот да стигнат до договор за Македонија и Албанија


Тања Фајон и Оливер Вархеи

 

Работата е премногу сериозна за да може и натаму да се одолговлекува ветото на Софија поврзано со нивните тврдења дека Скопје не ги признава и не обезбедува соодветни права за Бугарите во земјата и разни други историски и културни спорови. Словенија и нејзината нова министерка за надворешни работи, Тања Фајон, бара ЕУ конечно да најде решение за спорот и да не ги остава Македони и Албанија и натму во чекалната поради блокадата на Бугарија.

„Клучно е да стигнеме до договор за Македонија и Албанија“, вели Фајон во разговор за „Еурактив“.

Запрашана што би можело да значи тоа, Фајон рече дека го повикува француското претседателство со ЕУ да направи последен обид и „да најде ‘магична формула’ со која Бугарија ќе се откаже од ветото и да продолжиме напред“.

Но не само тоа, Словенија ги повика земјите-членки да испратат силен политички сигнал до целиот Западен Балкан, за лидерите на ЕУ на самитот во четврток и петок да не излезат неверодостојни во своите сврто дадени обврски

„Не треба да го заборавиме Западен Балкан и да го запоставиме процесот на проширување со Западен Балкан, кој ги остави земјите назад“, изјави Фајон за „Еурактив“ во Луксембург.

Словенија силно притиска да го обезбеди кандидатскиот статус на Босна во ЕУ. Таа им претстави документ со кој се бара итно доделување кандидатски статус на министрите за европски прашања во вторникот во Луксембург.

Целта на предлогот би била „да се испрати веднаш позитивен сигнал до БиХ и целиот регион на Западен Балкан“, се наведува во документот.

„Ваквиот сигнал до БиХ, отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, како и визната либерализација за Косово повторно ќе ја потврди посветеноста на ЕУ за Западен Балкан“, се додава.

Босна и Херцеговина поднесе барање за членство во ЕУ во февруари 2016 година. Европската комисија го усвои своето мислење (avis) за апликацијата за членство на земјата во ЕУ во мај 2019 година, идентификувајќи 14 клучни приоритети што земјата треба да ги исполни пред да може да ги отвори преговорите за пристап во ЕУ.

Според предлогот, по добивањето на кандидатурата и пред отворањето на разговорите за пристап во ЕУ, БиХ ќе треба да усвои три закони, за судскиот совет, за спречување на конфликт на интереси и за јавни набавки.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, минатата недела, словенечкиот претседател Борут Пахор рече дека земјите од Западен Балкан изгледаат сè подалечни и покрај минатите ветувања. Во исто време, Украина и Молдавија беа ставени на брза лента од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Пахор ја нарече Босна ризик од национализам и нестабилност, наведувајќи го сепаратизмот на босанските Срби со силна руска поддршка и рече дека е „апсолутно неопходно на Босна и Херцеговина безусловно да ѝ се даде статус на кандидат за членство во ЕУ“.

„Целта на словенечкиот предлог кој сугерира да ѝ се даде статус на кандидат за ЕУ на [Босна] без одлагање е да се испрати непосреден позитивен сигнал до [Босна] и целиот регион на Западен Балкан“, се вели во писмото на Пахор.

„Таков сигнал до [Босна], отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, како и визната либерализација за Косово повторно ќе ја потврди посветеноста на ЕУ за Западен Балкан“, се додава во писмото.