Гордана Сиљановска Давкова во Маврово: Да запре еколошкиот и урбанистички хаос


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг беше во Mаврово каде што оствари средба со граѓани.

„Маврово има посебна вредност за Македонија и затоа и државата и граѓаните мора да се грижат за оваа природна и човечка убавина. Мора да запре систематското уништување на животната средина и да запре урбанистичкиот хаос во Националниот парк Маврово. Невидено е во една ваква природна убавина заштитена со закон во 21 век да се градат дивоградби во заштитени зони, да се дозволува во езерото да се влеваат фекалии, не смееме да го уништуваме тоа што ни го дала природата затоа што на тој начин сами се уништуваме“, порача Сиљановска-Давкова. 

Таа додаде дека уште пострашно е кога и пратеници кои се претставуваат како екологисти, учествуваат во уништувањето на животната средина и заштитени национални богатства.