Словачка: Тестирани 3,6 милиони лица, позитивни 38.359


Словачка– Повеќе од 3,6 милиони жители на Словачка се тестирани изминатиот викенд, а резултатите покажале дека 38.359, односно 1,06 отсто, се позитивни на коронавирус, изјави денеска словачкиот премиер Игор Матович.

При тестирањето во Словачка, земја со 5,5 милиони жители, се користени антигенски тестови, кои даваат резултати за 15-30 минути, но се помалку сигурни од стандардните ПЦР-тестови.

Масовното тестирање е извршено со цел да се идентификуваат колку е можно повеќе заболени, за што Владата тврди дека може да помогне да се избегнат строги рестриктивни мерки.