Славе Ѓорѓо Димоски, Зоран Јакимоски и Јовица Ивановски гостуваат на поетски фестивал во Загреб


Од 18 до 21 јуни во Загреб и во Врбовец се одржува 15-тото издание на престижниот меѓународен поетски фестивал „Стихот во региот“ на кој ќе се претстават 50-на учесници од десет земји од Европа и светот.

Меѓу нив се и македонските поети Славе Ѓорѓо Димоски и Зоран Јакимоски што гостуваат во рамки на книжевната размена склучена меѓу издавачката куќа ПНВ Публикации и фестивалите Скопски поетски фестивал и Поетска ноќ во Велестово со Хрватското друштво на писателите, односно фестивалот СУР. Во рамки на книжевната размена за годинава во август во Велестово ќе гостува реномираниот хрватски поет Томица Бајсиќ.

Годинава на СУР ќе учествува и поетот Јовица Ивановски чијашто книга во препев на хрватски јазик ќе биде промовирана во рамки на програмата на фестивалот.