Скопје наздравуваше со виски, во добро друштво, за хуманитарни цели


Да пиеш виски не е само ќеф, туку и култура, традиција, историја, тоа е бренд со мирис на почва, сонце, ветер и дожд, со вкус, знаење и технологија.

Во Скопје е престиж да пиеш виски, чист или со лед, од поевтините или од уникатните, со пура или без пура, во посебна пригода, или за наздравување, за ќеф или за опивање, иако не секој се разбира во добро виски или го избира вистинскиот момент за пиење, со вистинскиот партнер или друштво.

 

Во Скопје, изминатиот викенд, во хотел „Мериот“ се подигаше нивото на виски културата на Скопје Виски фест 2022, најголемото изложување во Македонија на светски виски пијалаци на едно место. Голема посетеност, многу насмеани лица, во дружељубиво расположение, забава и виски дегустации надополнети со софистицираност, шик и елеганција, џез и рок моменти…

Зад Скопје Виски фестивалот, започнаа да се нижат две успешни приказни, првата која започна во ноември 2019 година, а втората точно после три години.

Ова беше можност на изложбените штандови да се дегустираат најпознатите виски пијалаци, но и оние кои се раритет на светскиот пазар. Посетителите дегустираа над 75 етикети на виски, над 35 различни виски брендови, од различни светски дестилерии, стручно и професионално презентирани од скоро сите дистрибутери и застапници кај нас. Можеше да се избере и проба од американските бурбони, шкотското виски, или пак ирските и јапонските вискија и да се разговара и едуцира за вискито, едноставно да се навлезе во светот на овој пијалак.

Специјални зони го комплетираа впечатокоткоктели на база на виски, зона со сродни категории на вискивода и газирани пијалаци, добро кафе, апетисани, македонски ајвар и намази. Фестивалот ги следеше сите добро-општествени критериумиактивната виски патрола ги мереше промилите и им даваше препорака на гостите да ги остават своите возила. По затварањето на виски дегустациите, последно следуваше хуманитарна аукција на отворените виски шишиња, а средствата од продажбата беа наменети во хуманитарни цели за социјално загрозено семејство.