Скопје добива нов простор за креативци-МАЛА ќе спојува архитектура и моден дизајн со една цел


Во среда се отвора нова креативна платформа МАЛА, која претставува мал хибриден простор во центарот на градот Скопје.

Нова иницијатива, со поинаков концепт на функционирање вметнат во минималистички ентериер, со акценти во силна живописна розова боја позади која стојат Архитектонското студио KONNTRA и моднaта дизајнерка Евгенија Зафировска. Две реномирани студија од различни области на дизајнот. Архитектура и моден дизајн сплотени со една цел, остварување на нов простор за креативци. Еден вид на локален „активатор“ за занаетчии, скулптори, дизајнери или секој што чувствува потреба да се придружи и да ги сподели своите концепти и ставови во областа на дизајнот, архитектурата и занаетчиството. Со последните трендови модата и архитектурата трпат промени, реагираат, се приспособуваат и ја докажуваат својата флексибилност. Таква прва соработка е колекцијата на Ена Зафировска THE BEGINNING која е инспирирана од претставувањето на KONNTRA со MO·NU·MENT на годинешното 17. Венециско Биенале, претставена на ЕXPO 30 – Bottega Eventi. Овој пат соработката продолжува во една сосема нова приказна, која е прва од ваков вид во нашиов регион. Приказна која се претставува преку основањето на МАЛА.  Л.С.