Скок на бројот заразени во Србија, повеќе од 5.000
Според последниот пресек, денеска во Србија регистрирани се уште 5.224 лица.
Во последното деноноќие од заразата починале 19 пациенти.
На респиратори се 79 пациенти, а на болничко лекување 2.188.
Тестирани биле 21.876 лица.
Епидемијата од корона вирус во Србија однесе 12.806 животи, а процентот на смртност е 0,98 отсто.
Во Србија досега од Ковид-19 забоела 1.310.845. а тестирани се 7.297.175 примероци.