Сите мислиме дека месото има најмногу протеини, но се лажеме: ова се пет намирници кои имаат повеќе протеини од говедско месо


Храната богата со протеини ќе ве држи сити подолго, а еве кои содржат најмногу!

Протеинот е многу важен во исхраната, а исто така е и многу корисен – нe одржува сити подолго, помага да се изградат мускули, а студиите покажаа дека може дури и да го забрза метаболизмот и на тој начин да помогне во губење на тежината.

Месото е секако првата храна што ви паѓа на памет кога се спомнуваат протеините, но ќе ве изненади кога ќе видите која храна содржи повеќе од неа отколку месото.

Леќа

100 грама леќа содржаи дури девет грама протеин, или 31 процент протеин по калорија. И не само тоа, оваа храна ќе ве држи сити подолго, содржи многу влакна и е многу нискокалорична – ако изедете 100 грама леќа, ќе внесете само 116 калории.

Брокула

100 грама брокула содржи 2,8 грама протеин, а покрај тоа, овој зеленчук содржи и важни витамини и минерали, како и многу влакна. Но, веројатно не сте знаеле дека и брокулата е еден од најдобрите извори на протеини, кога станува збор за зеленчукот … Содржи дури 33 проценти протеини, па затоа е многу добредојдено да го јадете, а плус има малку калории.

Кељ

Овој зеленчук содржи многу важни витамини, па може да се каже дека е една од најхранливите намирници, а внесот во 100 грама кељ има дури 2,9 грама протеин.

Спанаќ 

Спанаќот содржи иста количина протеин како кељот – 2,9 грама на 100 грама, а исто така е богат со железо, калциум и витамини А, Ц и К. Интересно е да се напомене дека, бидејќи спанаќот е нискокалоричен, дури 50 проценти од калориите што ги содржи се всушност протеини.

Печурки 

Не ја потценувајте моќта на печурките! Имаат 3,1 грама протеин во 100 грама, а бидејќи се нискокалорични, дури 56 проценти од калориите се протеини! Тоа е речиси двојно од меленото говедско месо!