Сириски војник: Русија спроведува масакр во Украина, но добро плаќа
На сириските борци им се нуди по 5.000 фунти месечно за борба на првата линија на фронтот во Украина, да се борат за Русија, дознава Би-би-си.
Еден сириски војник, кој доброволно се пријавил за борба, рече дека верува оти Русија спроведува масакр во Украина, но исто така вели дека помага на сиромашните Сиријци кои не можат да си приуштат храна.
Вели дека доброволно се пријавил за пари.
Неговото семејство не сакало тој да оди во војна, но ако загине тие ќе добијат 37.000 фунти.
Вели дека знае за најмалку 200 луѓе кои доброволно се пријаиле за на фронт.
Украинската влада и водечката сириска невладина организација велат дека ширум Сирија воспоставени се 14 центри за ангажирање Сиријци за пари, кои во украина би се бореле на страната на Русија.