Сирени за тревога вклучени: Две експлозии во Ријад, саудиското Министерство за одбрана го потврди нападот
Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, беа пријавени неколку експлозии, објави Ројтерс.
Според извештајот, во Ријад се слушнале неколку експлозии, а сирените можеле да се слушнат низ целиот град.
Веднаш откако беше објавено дека во главниот град на Саудиска Арабија се слушнале неколку експлозии, се огласи и министерството за одбрана на оваа земја.
„Противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија во моментов се бори против заканата од балистички ракети во источниот дел на земјата“, соопшти министерството во кратко соопштение.
Дополнително, се наведува и дека е забележан напад со беспилотни летала, а целта, се чини, била источниот дел на Ријад, а тие истакнаа дека противвоздушната одбрана соборила два беспилотни летала.
Фотографии од предупредувачки пораки што граѓаните во Ријад ги добиле на своите мобилни телефони се појавија и на социјалните мрежи.