Синдикатот бара мораториум на кредитите за невработените


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска повторно побара да се ослободат од плаќање на режиски трошоци за струја и вода сите кои останале без работа по кој  било основ.

Од КСС бараат и дополнителни шест месеци мораториум за кредитите за сите работници кои не се во можност да започнат со исплаќање на ратите на кредитите.

– Сакаме да потенцираме дека покрај намалените приходи на работниците, некои го изгубија работното место, на некои веќе им се заканува отказ од работното место, некои се со деца кои се дел од воспитно-образовниот процес, истите треба да изнајдат соодветни технички решенија (компјутери, лаптопи, стабилни интернет врски и др.) за да обезбедат непречено следење на образовната настава која од 1 октомври официјално ќе започне со почетокот на учебната година, a наставата ќе се следи преку интернет. Време е државата да покаже солидарност на дело, наведува КСС во денешното соопштение.