Симнала „апликација за заштита од хакери“ и останала без 5.000 евра


Фото: Б. Грданоски

Полицијата во хрватскиот град Вараждин истражува случај на измама пријавена од 40-годишна жена.

„Според пријавата, таа на 27 септември добила повик од непознато женско лице кое ѝ кажало дека нејзината банкарска сметка е хакирана, како и дека е вработена во асоцијација која се занимава со сузбивање хакери и дека треба да ги даде личните информации за да ѝ помогне.

Четириесет годишната жена ѝ ги дала личните податоци и по нејзини упатства инсталирала апликација на мобилниот телефон под изговор дека апликацијата е за заштита од хакери. 40-годишната жена постапила по инструкции на непознато лице, а веднаш потоа видела дека од сметката ѝ била извадена сума од околу 4.900 евра.

Полициски службеници преземаат активности за пронаоѓање на сторителите на ова кривично дело“, соопштија од вараждинската полиција, пишува Индекс.хр.