Силен земјотрес во Грција: „Лежалките се тресеа“


Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денеска.

Земјотресот се случи околу 11 часот по локално време, на длабочина од околу 15 километри.

Земјотресот е регистриран на околу 25 километри од островот Карпатос и на околу 189 километри од Хераклион на островот Крит.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

„Лежалките се тресеа додека лежевме на нив“, „Земјата се тресеше силно“, „Седев на работ од креветот кога одеднаш почувствував како некој нежно да го заниша креветот под мене. Погледнав низ вратата од балконот и видов дека се движам во однос на соседниот хотел. Ова траеше од пет до седум секунди“, се наведува во коментарите на веб-страницата на EMSC, додека се наведува и дека земјотресот е почувствуван и на Родос.