Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики, епицентарот близу Неа Мудања


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Халкидики.

Како што јавија грчките медиуми, земјотресот е регистриран нешто по 19 часот, на длабочина од 5 километри.

Епицентарот на земјотресот, според Геодинамичкиот институт во Атина, се наоѓа на 11 километри југоисточно од Неа Мудања на Халкидики.

Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Солун и Атика. Набрзо следеа уште четири послаби земјотреси, чии магнитуди беа меѓу 3,8 и 2,4 степени.
Засега нема информации за жртви или материјална штета од земјотресот.