Шведскиот премиер го обвини Орбан за ширење на „одвратни лаги“


Шведскиот премиер Улф Кристершон го обвини унгарскиот колега Виктор Орбан за ширење на „одвратни лаги“ дека Шведска е пред колапс поради раст на организираниот криминал.

– Тоа се одвратни лаги. Не е изненадувачки со оглед на тоа што доаѓаат од човек кој го демонтира владеењето на правото во сопствената земја. Орбан е очаен пред претстојните унгарски избори, објави Кристершон на платформата Икс.

Објавата на Кристершон уследи откако Орбан го нападна шведскиот правосуден систем.