Што вели египетскиот хороскоп за есенва 2022?


Ако сè уште не ги знаете вашите силни и слаби страни, прочитајте еден од најстарите хороскопи – египетскиот. Пребарајте го вашиот знак по датум на раѓање и дознајте што ве очекува есента 2022 година.

Нил
1-7 јануари, 19-28 јуни, 1-7 септември, 18-26 ноември

Оние кои се родени на овие датуми од годината се под заштита на Нил, најдолгата река, како и нејзиниот бог Хапи, кој се смета за еден од главните во египетската митологија. Овие луѓе се енергични, претприемнички настроени и корисни во секое опкружување и општество. Советите на ѕвездите за есенва е постојано да се движат, односно да ги развиваат своите вештини, бидејќи така ќе постигнат успех.

Амон-Ра
8-21 јануари, 1-11 февруари

Ако вашиот датум на раѓање паѓа на овие датуми, вие сте под заштита на богот на сонцето Амон Ра. Во египетската митологија бил претставен како заштитник на сите луѓе на Земјата, бил еден од најмоќните богови.Тоа се мудри луѓе, со силни дипломатски вештини. Совет на ѕвездите е дека есенва повеќе треба да се потпирате на својата интуиција, а не на туѓите приказни.

Мут
22-31 јануари, 8-22 септември

Мут е божицата мајка, која е прикажана со двојна круна на главата. Луѓето родени на датумите под нејзина заштита имаат добро здравје, силен дух, емотивни се и бестрашни. Често избираат професии во кои треба да ризикуваат, за да им го подобрат животот на другите. Совет за есенва е помалку да зборувате и повеќе да работите. Ве очекува голем успех и прилив на пари.

Геб
12-29 февруари, 20-31 август

Родените во овој знак се под влијание на богот Геб. Ова е најљубезниот бог, тој бил нарекуван и „принц на принцовите“. Тие се карактеризираат со дарежливост и префинетост. Имаат силна емпатија, а советот на ѕвездите за есенва е да црпат енергија од природата. Неопходно е да поминуваат повеќе време на отворено и да ја сменат исхраната.

Изида
11-31 март, 18-29 октомври, 19-31 декември

Изида била најпочитуваната божица во древниот Египет. Таа се смета за симбол на женственост и мајчинство, како и заштитничка на робовите, грешниците и сите угнетени. Вообичаено, за девојките и жените родени во овој знак љубовта е главната работа во животот, тие не можат да живеат без неа и лесно се заљубуваат. Советите на ѕвездите за есенва е да бараат исполнување во професионалниот живот, сериозно да се посветат на работата, бидејќи во спротивно може да бидат разочарани.

Озирис
1-10 март, 27 ноември -18 декември

Ако сте родени на овие датуми, вашиот заштитник е Озирис – богот на повторното раѓање, судија на сите души. Можеби ова е еден од најмистериозните и најмистичните богови во митологијата на Древен Египет. Затоа и не е изненадување што родените во овој знак ги „читаат“ луѓето околу себе, ништо не може да се сокрие од нив. Советите на ѕвездите за есенва е да направат план за иднината и строго да се држат до него, потребна им е структура во животот.

Тот
1-19 април, 8-17 ноември

Родените на овие датуми се заштитени од Тот, древниот египетски бог на мудроста и знаењето, кој бил покровител на библиотекарите, научниците и филозофите. Овие луѓе обично се многу интелигентни и дарежливи. Тие се подготвени да ги споделат своите таленти, знаење и материјални работи со сите луѓе. Советите на ѕвездите за оваа есен е да избегнувате потпишување важни документи. Месеците што следат се за стекнување знаење, а не богатство.

Хорус
1-7 мај, 20-30 април, 12-19 август

Хорус е богот на небото, сонцето и ѕвездите, кој бил толку почитуван во древниот Египет што фараонот бил претставен како негова инкарнација. Се чини дека ништо и никој не може да ги спречи овие луѓе: тие си поставуваат цел и одат кон неа, не забележувајќи пречки. Тие исто така се големи сонувачи. Советите на ѕвездите за есенва е да ги подобрат односите во семејството, со својата дарежлива природа и мудри совети ќе најдат решение за секој проблем.

Анубис
8-27 мај, 29 јуни – 13 јули

Според древната египетска митологија, богот Анубис бил водич на мртвите до задгробниот живот. Но, ова не е злокобен знак. Родените во овој знак обично секогаш ги штитат слабите, се борат против неправдата. Ова е нивната главна цел во животот. Тие можат да бидат добри полицајци, адвокати, судии или одлични родители и пријатели. Советите на ѕвездите за есенва е да ја разголат душата пред пријателите и партнерот. Така ќе се отстранат блокадите кои долго време ги чувствуваат.

Бастет
14-28 јули, 23-27 септември, 3-17 октомври

Бастет е божица на радоста, забавата, љубовта, плодноста и огништето. Таа е прикажана како жена со глава на мачка или лавица. Жените родени во овој знак сакаат удобност, семејство, а работата е голем извор на радост за нив. Советите на ѕвездите за оваа есен е да избегнувате стрес, а најдобро би било да бидете физички активни. Ќе ве следи среќа на љубовно поле.

Секмет
29 јули -11 август, 30 октомври – 7 ноември

Родените на овие датуми се под влијание на Секмет, древната египетска божица на војната и раздорот. Овие луѓе обично се многу импулсивни, страсни и горди. Но, и покрај тоа, тие секогаш се опкружени со пријатели кои ги гледаат како лидери. Советите на ѕвездите за есенва е внимателно да ги следат можностите околу нив, особено на работа. Успехот и напредокот во кариерата им се запишани во ѕвездите, само треба да бидат на вистинското место во вистинско време.