Што секој хороскопски знак може да го разгневи во моментот?!
Девиците ги заморува неред, Лавовите игнорирање, а ако сакате да ги изнервирате Вагите, не дозволувајте кавгата да заврши, туку за секое решение најдете нов проблем.
Овен
Не им треба многу. Ако сакате да изнервирате некој Овен, само кажете му дека не може да го добие она што го сака или дека не е способен.
Бик
Биковите се многу горди на нештата што ги поседуваат, а ако сакате кавга, критикувајте нешто што им е драго.
Близнаци
Отворено нагласете им за неговниот недостаток на карактер.
Рак
Пасивната агресија е најголемата сила на Ракот, но и неговата најголема слабост. Ако возвратите, тие ќе дивеат.
Лав
Најмногу се нервираат кога ќе ги игнорирате.
Девица
Направете неред од нивниот совршено планиран редослед.
Вага
Ако сакате да изнервирате една Вага, не дозволувајте тепачката да заврши. За секое решение, најдете нов проблем.
Скорпија
Споделете една од нивните тајни со остатокот од светот.
Стрелец
Лажете и покажете му дека згрешил што ви верувал.
Јарец
Рационалните и амбициозни Јарци ќе полудат ако некој им објасни дека нивните идеи се целосно глупави и дека нивните планови тешко се остваруваат.
Водолија
Зборувањето за чувствата е непријатно за Водолиите, а ако сакате да ги изнервирате, направете го токму тоа.
Риби
Рибите се склони кон претерување, а една од најлошите работи што можете да им ги кажете е – дека претеруваат.