Што се случува во телото кога донираме крв

Со едноставно дарување крв, можете да спасите еден или повеќе животи. Освен доброто дело, оваа акција има и некои здравствени придобивки.
Веднаш по дарувањето крв, телото се обидува да ги надополни изгубените клетки. Така, приближно две недели по донацијата, клеточната компонента е целосно обновена. Со производство на нови клетки, здравјето на донаторот има само корист. Ова го намалува нивото на стрес кој е поврзан со разни болести и стареење и го забрзува процесот на зараснување на раните. Со дарување 450 мл крв може да се согорат 650 калории, што е корисно за луѓето со прекумерна тежина.
Помал ризик од срцев и мозочен удар
Студијата објавена во American Journal of Epidemiology покажала дека дарувањето крв еднаш годишно ја намалува веројатноста за срцев удар. Според истражувањето објавено во Журналот на Американското медицинско здружение (JAMA), луѓето кои даруваат крв на секои шест месеци имаат помалку срцеви и мозочни удари во споредба со оние кои не даруваат крв. Крводарителите може да имаат и пониски нивоа на лош холестерол, кој обезбедува кардиоваскуларна заштита.
Подобрување на расположението
Дарувањето крв е алтруистички гест, кој позитивно влијае на психата. Алтруистичките луѓе се посреќни, поисполнети и живеат подолго, покажуваат студиите.
Спречува преоптоварување со железо
Генетска или стекната состојба, хемохроматозата е акумулација на железо во телото. Оваа акумулација настанува прогресивно и се манифестира по 40-тата година од животот. Дарувањето крв помага да се открие оваа болест и да се намали преоптоварувањето со железо.