Што припадничките од понежниот пол сакаат да добијат на подарок според хороскопскиот знак?
Често се наоѓаме во недоумица што да купиме некому, како да го направиме среќен, да го „бутнеме од нога“ и да му го направиме денот незаборавен.
Овен
За Овенот вредноста на подарокот е сосема неважна. Важно е подарокот да биде единствен и неповторлив. Не случајно купувајте подарок за личност родена во овој знак кој веќе го има половина град. Задолжително подарокот треба да биде придружен со картичка со искрени комплименти. Рамката за слика со заедничка фотографија е одличен подарок. Бидејќи многу се грижат за себе, добар избор се и производите за нега на кожа или коса.
Бик
За разлика од Овенот, Бикот сака луксуз. Идеален подарок би бил парфемот доколку имате доволно пари. Ако немате пари, биковите се куќни типови, па затоа е одличен избор: слика. За жените родени во овој знак, добар избор се и обетките или нараквиците. Особено ако се наоѓаат во посебна кутија која дава додадена вредност.
Близнаци
Близнаците сакаат да читаат. Книгата е вистинскиот избор за нив. Посебна забелешка е да не ги повторувате подароците и секогаш трудете се да бидете практични. Лак за дами – може да биде тотален хит.
Рак
Нежните и емотивни луѓе ќе бидат задоволни со изливот на нежност. На жените најдобро им се подарува нешто во нежно розова боја, а мажите Ракови кои особено ја ценат удобноста на пижамите можат да бидат навистина добар избор.
Вага
Тие ја ценат едноставноста. Што и да купите, не е важно дали е модерно или не, скапо или не, важно е да е едноставно и убаво. Вкусниот и прекрасно дизајнирана бонбониера ја завршува работата.
Лав
Ја следат модата, па и подарокот мора да биде модерен. Значи се што е во тренд, почнувајќи од облека, аксесоари, парфеми, модни додатоци, телефони, книги. Ако имате пари и сакате да го соборите лавот од неговите нозе, купете облека од млад дизајнер.
Девици
Ако го избирате идеалниот подарок за Девица, треба да исполните три услови: нешто мало, оригинално и да потсетува на вас. Девиците имаат една навистина добра работа – не се лутат ако ги прашате што сакаат (само ја споделуваат својата листа со желби со вас.
Скорпија
Тие се многу захтевни кога се во прашање подароците, бидејќи секогаш очекуваат нешто повеќе. Имајќи го предвид нивниот авантуристички дух, најдобро би било да изберете книга на тема патувања. За нив важи друго правило – колку поскап е подарокот, толку подобро.
Стрелец
Весели и разиграни подароци сакаат родените во знакот на Стрелец – за нив е важна амбалажата, откачена и во разни бои. Ним можете да им купите било што од модни додатоци.
Јарец
Месеци пред големиот ден, начулете ги ушите што велат дека им треба и купете им токму тоа. Ако доцните со слушање, компјутерската опрема е нешто со што тешко дека ќе погрешите, како и паричник за понежниот пол.
Водолија
Препорачлив подарок за нив е најновото ЦД од нивната омилена група или уметник, билет за најновиот културен настан или книга која штотуку е пуштена во продажба. Што и да е, мора да биде најново.
Риби
Ако сакате да ги соборите рибите од нивните нозе, најдоброто нешто што треба да направите е да им дадете нешто што самите сте го направиле. Сè што е уникатно и рачно изработено е високо ценето