Што предвидува меморандумот со грчката агенција за инвестиции и трговија


Соработка со грчката агенција за инвестиции и трговија ќе се остварува преку одржување чести и редовни контакти меѓу двете агенции за заедничка размена на економски и деловни информации која би се обезбедила и преку размената на деловни делегации, организирање на трговски мисии, семинари, саеми и бизнис форуми

 

Со цел воспоставување практична рамка за соработка меѓу двете агенции за промовирање на инвестициите и трговските врски, денес во Атина се потпиша Меморандум за разбирање во полето на инвестиции и надворешна трговија меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија и ENTERPRISE GREECE како официјална агенција за инвестиции и трговија на Република Грција. Заради запазување на КОВИД протоколите, меморандумот се потпиша на ниво на министри за надворешни работи на двете земји за време на официјалната посета на министерот Бујар Османи на Грција.

Двете страни ќе разменуваат информации за трговски политики, правила, прописи, процедури, субвенции и ажурирања на статистички и деловни податоци на редовна основа што ќе се остварува преку размената на публикации, магазини и директориуми, како и преку заеднички истражувачки активности со цел олеснување на меѓусебната трговија и заедничките проекти.

Соработката, како што се наведува во Меморандумот за разбирање на инвестициска и трговска соработка ќе се остварува преку одржување чести и редовни контакти меѓу двете држави за заедничка размена на економски и деловни информации што не се од доверлив карактер истовремено поддржувајќи ја техничката експертиза, знаење и можности за обуки. Истатата би се остварила преку истражување на деловните можности во двете земји, организирање на взаемни посети за деловна соработка, конференции, тркалезни маси, деловни патувања за промовирање на можности за инвестирање и трговија во секоја земја како и други активности.

Организирањето на активностите за трговска промоција би се обезбедила и преку размената на деловни делегаци или трговски мисии, семинари, саеми и посети на експерти за идентификување на деловен потенцијал и деловни можности.

Исто така, секоја страна ќе и помага на другата страна во организирањето на комбинирани настани поврзани со деловни активности, услуги за спојување и вмрежување во двете земји и во друга трета земја, за која заеднички ќе се договорат.

Меморандумот за разбирање стапува на сила од денот на неговото потпишување и ќе важи за период од три години.