Што почесто се туширате, толку сте понечисти? Повеќето ја прават истата грешка и се изложуваат на болести


Експертите предупредија дека туширањето наутро не е многу добро. Еве зошто!

Некои луѓе сакаат да се тушираат наутро за да се разбудат, но експертите предупредуваат дека тоа можеби не е одлична опција, особено за нашата кожа.

„Туширањето наутро би можело да и ги одземе на кожата природните масла“, објасни професорката Сали Блумфилд од Лондонската школа за хигиена, а потоа додаде дека на нашето тело има микроби кои произведуваат непријатни мириси, но не се штетни за нас.

Затоа честото туширање не е најдобра опција за нашата кожа, особено со топла вода, бидејќи и ја суши. Дополнително, туширањето повеќе од еднаш дневно може да ги отстрани и микроорганизмите од телото кои помагаат да се контролира маснотијата на кожата и да не заштити од надворешни фактори.

Ако на почетокот на денот го измиеме природниот заштитен слој, повеќе ќе бидеме изложени на нечистотии и бактерии. Затоа, кога се тушираме по напорниот ден и легнуваме чисти, седум или осум часа се доволни за нашите природни масла да се обноват на кожата. Професорката Сали исто така објасни дека треба да ја разликуваме чистотата од хигиената.

„Луѓето често се збунуваат за разликата помеѓу чистотата и хигиената. Чистотата е она што го правиме за да изгледаме и да се чувствуваме чисто, а хигиената е чистење за да спречиме ширење на бактерии“, рече таа.