Сите тоалети на леди Гага на премиерите на „Хаус оф Гучи“


Од Лондон до Милано. Што облече Леди Гага за европските премиери на најочекуваниот филм овој месец- House of Gucci? 

Имено во филмот за еден од најстрашните злосторства во историјата на Италија забележан во високото друштво, Гага ја глуми Патриција Реџијани, која одлежа 18 години затвор поради нарачка на убиство на сопругот Маурицио Гучи во 1995 година во Милано. Таа беше ослободена од затвор 2016 година. Сценариото е засновано на книгата The House of Gucci: A Sensational Story of Murder, Madness, Glamour, and Greed од 2000 година, напишана од Сара Геј Форден.

На премиерата во Лондон

Филмот, исто така, го означува враќањето на Леди Гага на големото платно  по нејзината наградувана улога како Али во 2018-та година на римејкот на Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“, каде што освои БАФТА, и Оскар за нејзините музички придонеси во филмот.

Анџелина Џоли била првиот избор на режисерот Ридли Скот за улогата на сопругата на  убиениот наследник на модната династија Гучи, позната под прекарот „Црна вдовица“ . Други членови на актерската екипа се Џаред Лето, Ал Пачино и Адам Драјвер. Оскаровецот Џереми Ајронс го глуми Маурицио Гучи.

На излегување од хотелот во Лондон, во креација на Гучи

Приказната за животот на Патриција Реџијани, родена пред 50 години во Милано, од гламурозниот брак со Маурицио, наследникот од династијата Гучи, до туморот на мозок и скандалозната пресуда, е вредна да се види на големото платно.  Таа излезе од затвор по 18 години иако беше осудена на 29 години робија. Со нејзе во затвор беа и тројцата соучесници, меѓу кои и убиецот кој во 1995 година пукаше во Маурицио во неговата канцеларија.

– Не сум виновна, но не сум ни невина. Сè што се случи беше недоразбирање изјави пред три години Реџијани во серијата „Пипл Магазин истражува: Модни криминали“.

Кога се венчале во 1973 година и двајцата имале по 24 години, а во бракот добија две ќерки Алегра и Алесандра.

– Маурицио се чувстваше слободен со мене. Се забавувавме, бевме тим. Бевме прекрасна двојка и имавме убав живот – изјави Патриција во едно интервју во 2016.

Во Лондон

Богатите сопружници уживаа во луксузен живот исполнет со патувања и уживање во домовите на Сент Мориц, Акапулко и Конектикат. Сето тоа се смени во 1985 година кога Маурицио ја напушти Патриција за младата дизајнерка на интериер Паола Франчи и во 1991 година се разведоа.

Следната година на Патриција ѝ беше отстранет тумор од мозокот, а во 1998 година по тајната полициска акција во која биле прислушувани телефони, судено ѝ е за убиството на Маурицио извршено во 1995 година.

Во Милано, во креација на Валентино

Прогласена за „Црна вдовица“, Патриција на суд призна дека на пријателката Пина Ориема ѝ платила 200.000 фунти, но негираше дека тие пари биле наменети за убиецот. Додека стоеше во судницата на местото за испрашување сведоци, Реџијани додаде: „Но, вредеше секоја лира“.

Позната по скандалозните изјави, Патриција откако беше пуштена од затвор, во едно интервју на прашање од новинарот зошто сама не пукала во Гучи ќе изјави: „Не ми е добар видот, не сакав да промашам“, за да подоцна рече дека само се шегувала.

Филмот пристига во кината од 24 ноември. Во скопските кина доаѓа на 25 ноември. 

На премиерата во Милано во креација на „Версаче“