Што облече Ким Кардашијан на свадбата на Парис Хилтон?


САД- Ким Кардашијан се погрижи нејзиниот изглед на раскошната венчавка на Парис Хилтон и Картер Реум да не остане незабележана, дури и по прославата. Откако наследничката на ланец хотели и ѕвезда на „Paris in Love“ се омажи со бизнисменот на 11 ноември на приватен имот во Бел Ер, Калифорнија, старлетата „Keeping Up With the Kardashians“ пазаруваше во продавница во Малибу, Калифорнија.

Но, наместо да облече нешто удобно и пријатно, основачката на KKW Beauty беше фотографирана како изгледа ултра гламурозно во нејзиниот ризичен црн фустан од Рик Овенс додека ја напушташе продавницата на бензинска пумпа.

Смелиот фустан се одликуваше со обемно здолниште и длабоко деколте што се спушташе до струкот, покажувајќи ја нејзината затегната фигура. Ким носеше големи обетки од Баленсијага и чизми со високи штикли кои потсетуваа на нејзините Мет Гала чизми од годинава.

На Инстаграм, 41-годишната реалити телевизиска ѕвезда сподели фотографии од нејзиниот фустан објавувајќи колаж од искрени снимки кои го доловуваат дизајнот на Рик Овенс.

Ким не беше било каков гостин на свадбата на ѕвездата од „Симпл Лајф“. Основачката на SKIMS, сподели сладок момент кога ѝ помага на невестата да изгледа совршено.

Во еден момент, Ким беше видена како ѝ помага на Парис да го прилагоди својот цветен извезен превез до подот, кој го надополнуваше нејзиниот фустан на Оскар де ла Рента – само еден од многуте дизајни што ги носеше!