Што облече Адел за интервјуто со Опра и за „камбек“ концертот?


САД– Моќното дуо се сретна за прв пат за време на неделната специјална емисија на CBS за Adele One Night Only во домот на британската поп-ѕвезда во Лос Анџелес, а подоцна седна да разговараат во градината со ружи на Опра Винфри за сè што е поврзано со Адел, од нејзината нова вита става, до разочарувањето од нејзиниот развод и новата врска со спортскиот агент Рич Пол.

За делот од интервјуто од двочасовната програма, 15-кратната добитничка на Греми изгледаше елегантно во бел костим со панталони со потпис на Кристофер Џон Роџерс, кој како негови клиенти од висок профил ги наведува Зендаја, Трејси Елис Рос и Мишел Обама.

Таа, исто така, имаше блуза во боја на слонова коска под блејзерот и бели салонки на Кристијан Лубутан. 

Не би била посебна Адел без извонредната изведба – и таа не разочара. Интимниот концерт ( во рамките на интервјуто) беше снимен пред опсерваторијата Грифит во Лос Анџелес, а таа носеше свилена драматична тоалета од високата мода на Скјапарели со светкав корсет во горниот дел. Таа носеше обетки со приврзок на Сатурн, исто така со потпис на италијанската модна куќа.

И, се разбира, ѕвезди од A-листата се собраа да ја видат и да ја слушнат, вклучувајќи ги Лизо, Леонардо ди Каприо, Селена Гомез и Дрејк. Таа ги отпеа своите легендарни  хитови, како и новите како „Easy on Me“, „I Drink Wine“, „Hold On“ и „Love Is a Game“.