Што најмногу паметат децата за своите родители? Еве што велат психолозите
ФАКТ е дека се сеќаваме на голем дел од детството што го поминавме со родителите, а токму тие се трудат на своите деца да им обезбедат се што им е потребно за да пораснат во задоволни и среќни луѓе.
Затоа психолозите решија да истражат што најмногу паметат децата за своите родители, а нивните одговори ги сподели порталот Today. Како што објаснија, постојат пет работи кои децата најмногу ги паметат од детството, а се однесуваат на нивниот однос со родителите. Овие се:
1. моменти кога се чувствувале безбедно (или небезбедно) со вас
2 .моменти кога им ја дадовте вашата целосна посветеност
3. начинот на кој комунициравте со партнерот
4. вашата поддршка и/или критика
5. семејни традиции.