Што исфрли морето кај Дубровник?
Хрватскиот портал 24сата објави фотографии од крајбрежјето на Дубровник пишувајќи дека морето донело тони ѓубре. Веднаш нагрнаа коментарите на социјалните мрежи.
Жителите на Дубровник ги фотографираат и снимаат тажните сцени од познатата плажа, но не се изненадени од оваа сцена бидејќи се повторува со години.
Како што објави „Дубровачки дневник“, ова е проблем што се повторува со години, кога морето
носи огромни количини ѓубре, најчесто од Албанија, на хрватските брегови и плажи.