Шпанската гастрономија и „тапас“ културата прославена во Македонија


Амбасадорот на Шпанија во Скопје и Шпанскиот туристички одбор при амбасадата го прославија Светскиот ден на тапас во неспоредливо место, во фоајето на Македонската филармонија во Скопје. Настанот, на кој присуствуваа туристички професионалци, локални медиуми, инфлуенсери и истакнати членови на македонското општество, беше повод да се зајакне веќе одличната позиционираност на шпанскиот туристички бренд и да се прослави шпанската култура благодарение на дефинирачкиот симбол на неговата гастрономија: тапасот.
 
Тапасот е мала порција храна која се служи заедно со пијалок, дури и дома. Луѓето го споделуваат тапас со пријателите, семејството и колегите. Со текот на времето тапас прерасна во вистински начин на разбирање на животот, тоа е „ir de tapas“ за да се даде прецизно значење за јадење тапас – што често не е ограничено на еден локал или бар – каде што пијалокот е само изговор да се јаде нешто посебно и уникатно на регионално и локално ниво.
 
Во малите порции храна, кои во многу случаи се граничат со високата кујна по изгледот на кој се појавуваат, најчесто со стоење во групи – постои желба за комуникација, вредности на соживот, забава и начин на живот. Оваа гастрономска манифестација совршено го портретира уникатниот шпански начин на живот.
 
Ова е причината зошто TURESPAÑA, шпанската агенција за промоција на туризмот, и здружението „Saborea España“ – (Вкуси ја Шпанија) создадоа симултана прослава на „Светскиот ден на тапас“, развивајќи проект чија цел е да ја промовира шпанската гастрономија и да го зајакне шпанскиот бренд насекаде светот.
 
За време на настанот Изабел Гарања, директорка на шпанскиот одбор за туризам на Амбасадата на Шпанија, истакна:
 
„Го славиме Светскиот ден на предјадењата за да и оддадеме почит на шпанската гастрономија. Нашата влада и туристичкиот сектор се свесни дека гастрономијата е наша голема предност. „Тапас“ е дел од нашата култура и нашиот начин на живот. Преку гастрономијата, посетителот директно го запознава богатството и различноста на секој регион во Шпанија. Пробувајќи ја кујната од регионот, се вклопува во земјата и создава посебна релација со неа, која го тера повторно да и се наврати“.
 
Хозе Луис Лозано Гарсија, амбасадорот на Шпанија во Скопје, ја заклучи презентацијата со изразување на двојна желба  – презентацијата на Светскиот ден на тапас да биде поттик за сè повеќе граѓани на Северна Македонија да патуваат во Шпанија и да сметаме на директни летови во не толку далечна иднина.