Шон Пен и Лејла Џорџ се разведуваат по една година брак

САД- Холивудската легенда Шон Пен (59) се разведува од 31 година помладата австралиско-американската актерка Лејла Џорџ по една година брак. Документите за развод ги поднела Лејла, инаку ќерка на актерите Грета Скачи и Винсент Д‘Онофрио. Двојката се венча лани на приватна церемонија по четири години врска.
Тој претходно беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 и со актерката Робин Рајт од 1996 до 2010 година и со неа има две деца. Пен беше во врска и со Шарлиз Терон со која се раздели во 2015 година.