Шојгу: Ќе повикаме 300.000 резервисти, во војна сме со целиот Запад


Министерот за одбрана Сергеј Шојгу

По Путин, на јавноста преку телевизија и се обрати министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

„Ние не се бориме против Украина, туку против целиот Запад“, рече тој. Тој додаде дека во Украина ќе бидат повикани околу 300.000 резервисти.

Рускиот претседател Владимир Путин во средата, во говорот во кој најави дека делумната воена мобилизација ќе започне веднаш, рече дека доколку Западот продолжи со „нуклеарната уцена“, Москва ќе одговори со сета сила на својот арсенал.

„Доколку е загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, ќе ги искористиме сите расположливи средства за да го заштитиме нашиот народ – ова не е блеф“, рече Путин во телевизиското обраќање до нацијата.