Шестгодишно дете тргално во посета на баба му, слетало на 260 километри подалеку


Шестгодишно дете без придружба било ставено на погрешен лет додека патувал од американскиот град Филаделфија да ја посети својата баба.

Детето без придружба по грешка било качено на летот за Орландо, на пат од Филаделфија до Форт Мајерс, градови оддалечени околу 160 милји, објави портпаролот на Спирит ерлајнс (Spirit Airlines).

Компанијата не откри никакви дополнителни информации за детето или како настанала грешката. Известија дека во тек е внатрешна истрага.

„Детето цело време беше под надзор на работник на Спирит тим и веднаш штом ја забележавме грешката, контактиравме со семејството на детето за повторно да ги собереме“, рече портпаролот.

Американските медиуми успеаја да откријат дека се работи за шестгодишно момче кое за прв пат полетало со авион. Одеше да ја посети баба му.

„Ми рекоа дека не се качил во авионот, а јас реков дека тоа не е можно бидејќи имам доказ дека се пријавил за летот“, изјавила бабата на момчето, пренесе Си-Би-Ес Њуз.

„Истрчав до авионот и ја прашав стјуардесата каде е мојот внук. Стјуардесата мислеше дека ми е предаден во Филаделфија“, рекла вознемирената баба.

Подоцна беше откриено дека момчето слетало во Орландо, од каде ја повикало својата баба. Неговите работи стигнаа до Форт Мајерс.

Персоналот на Спирит ерлјанс се извини за инцидентот, но семејството на момчето бара одговори како се случило вакво нешто. „Дали стјуардесата, откако мајка му ги предаде сите документи, го остави само?“, прашува бабата.

Не е прв пат

Малолетници без придружба биле изгубени на меѓународни летови и претходно. Така, едно момче слета во Германија во 2019 година, но требаше да пристигне во Шведска. Во 2009 година, две девојчиња на возраст од осум и десет години исто така беа ставени на погрешен лет. Континентал експрес потоа го оправда инцидентот како „недоразбирање меѓу персоналот“.