Шест заложници од Газа денеска се враќаат во Тајланд


Бангкок- Шест тајландски заложници кои ги држеше палестинското движење Хамас неколку недели во Појасот Газа треба денеска да пристигнат во својата земја, соопштија тамошните власти.

Тајланѓаните работеа главно во земјоделскиот сектор во Израел кога започна војната на 7 октомври и тогаш Хамас киднапираше околу 240 луѓе.

Меѓу заложниците на Хамас имало и 32 Тајланѓани, за чие ослободување преговарале Министерството за надворешни работи и тајландските муслимански групи.

Се очекува шестмината да слетаат на аеродромот во Бангкок денеска околу 14 часот по локално време, по неколку недели заробеништво.

По нивното ослободување, групата се опоравува во болница во Израел.

Седумнаесет тајландски државјани веќе беа ослободени на крајот на ноември, за време на привременото примирје што истече на 1 декември.

Според тајландското Министерство за надворешни работи, уште девет државјани се уште се во рацете на Хамас.

Вкупно 39 Тајланѓани беа убиени, а 19 се ранети за време на војната во Газа.

Тајланд евакуираше повеќе од 8.500 државјани, соопшти тајландското Министерство за надворешни работи.