На Германците им беше наредено да не се бањаат: „Секој литар е важен“
Пожарникарите сè уште се борат со пожарите во јужен Хесен, поради што на жителите им е препорачано да ја ограничат потрошувачката на вода
Поради шумските пожари што избувнаа во јужниот дел на германската покраина Хесен, локалните власти им наредија на десетици илјади луѓе да ја намалат потрошувачката на вода на „апсолутно неопходни потреби“.
Пожарникарите потпомогнати од хеликоптери и беспилотни летала учествуваат во борбата против пожарите што зафатија околу 55 хектари шума помеѓу Обероденбах и Нидероденбах. Полицијата истражува дали пожарите се подметнати, но и дали зад нив стои истиот сторител.
Во вторник наутро, пожарникарите објавија дека пожарот е под контрола, но не е изгаснат. Затоа, локалните власти упатија повик за заштеда на вода, кој сè уште важи за Фрајгерихт, Хаселрот, Роденбах, Ерлензе и Брухкебел, пишува Fenix-magazin.de.
На жителите им се препорачува да не се тушираат или капат, да не полеваат градини и да избегнуваат сè што бара потрошувачка на големи количини вода. „Секој литар е важен“, рекоа властите.